Клоп: Имавме среќа што играчите на Сити не беа алчни за уште голови

353

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја призна немоќта против Манчестер Сити на денешниот двобој, кој „Црвените“ го загубија со 1:4. Германецот сподели дека поразот можел да биде и повисок но противникот го намалил темпото.

Во првото полувреме го видовме тоа, кое го очекувавме – доминантен Сити, а ние бевме добро организирани и имавме свои моменти. Им создадовме проблеми, им дадовме убав гол и имавме уште една можност во контра напад“, коментира Клоп.

„По паузата го примивме првиот гол. Примивме втор гол, а после тоа бевме премногу отворени. Тие можеа да прават што сакаат, а ние имавме среќа што не беа алчни за уште голови. Тие постигнаа четврти гол, но беа среќни со тоа и го намалија темпото“, додаде тој.

Ова е натпревар кој треба да го искористиме, за жал, да разјасниме кои работи не треба да се случуваат. Не можеме да избегнеме да влеземе во борби еден на еден во специфични делови на теренот. Не можеме да бидеме толку отворени. Морам да објаснам, но не можам. Можам само да го опишам“, изјави Клоп.

 

ПретходноАрсенал го „смачка“ и Лидс, Лестер со нов пораз во борбата за опстанок
СледноРаботнички фати залет, без мака го реши Чаир!