Мојс Кин за победа на Јуве и надеж за место во ЛШ (ВИДЕО)

131

Со многу мака, фудбалерите на Јувентус славеа со 1:0 над Верона во мечот од 28. коло на италијанската Серија А. Ослабениот тим на Масимилијано Алегри дојде до три важни бода и останува во игра за место кое води во Лигата на шампионите.

Јуве не блескаше, но успеа да ја погоди мрежата на Верона за победа. Во 55. минута од натпреварот, Мануел Локатели одлично го проигра Мојс Кин, а напаѓачот на „Старата дама“ го најде просторот до мрежата на гостинскиот голман за водство, што подоцна се испостави дека е доволно за победа.

Треба да се напомене дека легендарниот Алесандро Дел Пјеро по долго време беше на трибините.

 

ПретходноНема шега, Пелистер преку Феникс го потврди второто место!
СледноБарселона моќно кај Елче, јуриш на титулата во Ла Лига (ВИДЕО)