Денеска претпладне фудбалерите на Тиквеш, на тренингот пред утрешното дерби во Штип со Брегалница, имаа неочекувана посета и тоа од Андон Дончевски, првиот селектор на репрезентацијата на Македонија во својата самостојност.
Чичко Дончо во нему својствен стил им посака и среќа во понатамошниот дел од сезона на сите во Тиквеш, посебно им ја даде поддршката пред утрешниот дуел во Штип.
Треба да се каже дека Чичко Дончо е роден токму во Кавадарци, во далечната 1935 година.
Тиквеш го пречека како што доликува и му подари дрес од клубот. На крај да кажеме дека Дончевски во дел од својата тренерска кариера, беше и тренер на Тиквеш.