Работнички фо запиша четвртиот триумф во низа, вкупно 12 оваа сезона, откако на домашен терен без мака го совлада Чаир со 83-67. Најтрофејниот кошаркарски колектив сега е на четвртата позиција, но истата не е загарантирана бидејќи Гостивар допрва ќе го игра својот дуел од 20 коло.
Кошаркарите на Работнички некаде од средината на првата четвртина го урнаа отпорот на противникот, негативата од 11-14 со серија од 18-1 ја претворија во двоцифрена позитива од 29-15 на стартот на втората четвртина.
Чаир на момент се врати, а потоа доминираше само едно име на теренот. Работнички пред одморот поведе и со плус 17 (46-29). Гостите по одморот еднаш успеаја да спуштат под десет (60-51), но немаа сили за нешто повеќе.
Џелетовиќ имаше 23 поени и 8 скока, Малешевиќ беше реализатор на 16, на другата страна Роби имаше 17 поени.