Соиграчите му порачаа на Костадинов: Те чекаме уште посилен

790

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов веќе извесен период се опоравува од повредата, а потоа и операцијата на коленото.

Неговиот тим Пиаст Гливице со нетрпение го очекува нашиот интернационалец да направи кам бек, а како поддршка за него направија заедничка фотографија со дресот на нашиот Тихо.

Костадинов во моментов се наоѓа во Шпанија и ја финишира рехабилитацијата.

 

ПретходноНи „Д“ од дерби, Сити ја покажа сета своја сила против Ливерпул (ВИДЕО)
СледноГерманците се чудат: Зарем овој може да игра за младата селекција? (ФОТО)