Алкараз е елиминиран: Ѓоковиќ се враќа на тронот, забраните за влез во САД не помагаат!

2906

Карлос Алкарас не успеа да дојде до финалето на Мастерсот во Мајами, откако беше совладан од Јаник Синер со 2-1 по сетови 7-6, 4-6 и 2-6. Италијанскиот тенисер во битката за трофејот ќе игра против Данил Медведев, кој пак претходно беше подонар  од сонародникот Карен Качанов во три сета и тоа со 7:6,3:6,6:3.

Поразот на младиот Шпанец значи и промена на врвот на АТП листата. Од понеделник се враќа Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер ќе има 7.160 поени, додека Карлос Алкараз ќе остане зад него со 6.780. Србинот има забрана за влез во САД поради правилата за време во пандемијата коронавирус.

На вчерашното полуфинале беа присутни и НБА-ѕвездите Лука Дончиќ и Џими Батлер, тие навиваа за младиот Шпанец.

По големата борба во првиот сет во која Алкараз загуби гем на свој сервис и успеа да се врати, се чинеше дека Шпанецот е на чекор до победа. Тој успеа да сврти и да го земе сетот во тај-брејк, но во вториот сет Синер веднаш тргна со брејк. Алкараз возврати, но на крајот Италијанецот по вторпат го одзеде сервисот на својот ривал и израмни. Доминираше во третиот сет, па Алкараз ќе мора да го брка Новак на земјена подлога.

ПретходноМарокански фудбалер со 200 км на час, го проби ѕидот и влезе во сала
СледноСцените од Белград го оставија целиот свет во неверување (ВИДЕО)