Лидерот Арсенал ја одржа предноста од осум бодови во однос на второпласираниот Манчестер Сити по денешната победа над Лидс со 4:1. „Топчиите“ рутински си ја завршија задачата и го продолжуваат сонот за титулата во Премиер лигата која ја чекаат одамна.
Два гола постигна Габриел Жесус, а еден Бен Вајт за водство на „топчиите“ од 3:0, во 76 минута намали Кристенсен, а во 85 минута Гранит Џака да го постави конечниот резултат.
А Лидс со овој пораз падна при дното и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок.
За опстанок ќе се бори и Лестер кој денеска изгуби со 2:1 од Кристал Палас што беше нивни петти пораз на последните шест натпревари (едно реми). Переира им донесе предност на „лисиците“ во 56 минута, а три минути подоцна Палас израмни со автоголот на Иверсен.
Трите бода за лондончани ги обезбеди Матета со гол во 95 минута.
Нотингем Форест и Вулверхемптон одиграа 1:1, а највозбудливиот натпревар се одигра на „Амекс“ каде Брајтон и Брентфорд одиграа 3:3. Само во првиот половина час паднаа четири гола, Брентфорд два пати водеше, домаќините два пати изедначуваа.
На стартот на вториот дел Брентфорд пак обезбеди предност, а изедначи Мекалистер од пенал во 88 минута.
Борнмут го совлада Фулам со 2:1, а претходно Манчестер Сити го декласира Ливерпул со 4:1.
Од 18:30 играат Челзи и Астон Вила.