Битолчани со цел плен од Скопје, Голден Арт влезе во ритам!

145

Пелистер 2 едвај дојде до триумф против Пролет на гостински терен. Битолчани беа подобри со 25-26 (13-14) за само втора победа во плеј-аутот, на другата страна пак домашниот состав одигра уште еден добар меч, покажа дека со млади сили може да направи многу повеќе.

Петровиќ постигна седум гола кај гостите, пет гола имаше Белистојановски. На другата страна Василевски запиша десет гола недоволни за победа.

Во плеј-аут лигата Радовиш на домашен терен беше совладан од Скопје со 24-29. Оваа средба беше решена по првото полувреме во кое гостите веќе имаа позитива од пет гола (9-14). Мишевски со девет гола беше прв стрелец кај победникот,  на другата страна Марков имаше исто толку погодоци.

Голден Арт не виде мака со Прилеп, на домашен терен славеше со 31-23. За скопскиот тим ова е петти триумф во плеј-аутот, додека на другата страна Прилеп го запиша третиот пораз.

Претходно„Дер Класикер“: Блескаво деби на Тухел, Баерн си поигра со „милионерите“ (ВИДЕО)
СледноМитев изнесен на носилка (ВИДЕО)