ВМФЛ: Вардар во атак на нови бодови и задржување на врвот, дербито е во Струмица

483

И во ВМФЛ по двонеделна пауза викендов продолжуваат возбудувањата и тоа со мечевите од 22.коло. Во недостиг на дуел меѓу четирите водечки екипи, значи без некои класични дерби средби, сепак и денеска ќе има интересни мечеви. Пред се оној на Маџари на “Борис Трајковски“ каде Вардар како домаќин ќе се обиде да ја продолжи својата добра серија, да ја победи Саса и да го задржи лидерското место.

Од друга страна дербито се игра во Струмица, каде Беласица го дочекува Гостивар. Гостите по секоја цена мора да победат, во спротивно Вардар и Воска уште повеќе ќе ја зголемат разликата на табелата, веројатно.

Во Битола домашниот Пелистер го дочекува Детонит. Битолчани ако и натаму сакаат да го сонуваат барем баражот, овој меч мора да го добијат.

Воска пак гостува во Виница каде не би требало да има никакви проблеми да дојде до трите бода против слабата Слога.

ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Пелистер – Детонит

Охрид – Борец

Арсими – Караорман

Кожув – Пехчево

Вардар – Саса

Тетекс – Беса

Беласица – Гостивар

Слога (В) – Воска

ТАБЕЛА: Вардар 52, Воска 50, Гостивар 48, Пелистер 43, Детонит 37, Беласица 32, Беса 30, Охрид 30, Арсими 27, Караорман 27, Кожув 23, Пехчево 20, Саса 17, Тетекс 15, Слога (В) 13, Борец 2 бодови

ПретходноПрва лига: Дерби во Кале, Гостивар и Битола!
СледноПланица ски-летови: Крафт победник со лет од 239.5 метри, Ланишек втор! (ВИДЕО)