Дарко Додев: Брегалница и против Тиквеш оди на победа!

226

Утре со почеток од 15 часот, во меч од 25.коло во ПМФЛ, Брегалница на свој терен го дочекува Тиквеш. Пред 2-3 години, кога овие две екипи играа во Втора лига нивните дуели беа епски што се вели, но сега откако Брегалница е некое друго ниво, таа страст како да спласна, посебно кај фановите на кавадарачани.

Сепак ривалството остана, а ова е дерби меч во ова коло.

Брегалница е во супер форма оваа пролет, а пред утрешниот дуел, свој коментар има Дарко Додев, веројатно најдобриот фудбалер на “сините“ во овој момент:

Максимално сме подготвени за утрешниот меч, екипата е комплетна. Како и досега, така и сега ќе биде, ние размислуваме само на мечот што е пред нас. Знаеме дека утре против Тиквеш ќе биде тешко, но Брегалница и утре оди на победа и нови три бода. Кавадарчани секогаш против Брегалница играат со екстра мотиви, но јас верувам дека со поддршка на нашите фанови ние ќе успееме да дојдеме до победата“ изјави Додев.

ПретходноНеочекувана посета на тренингот на кавадарчани: Чичко Дончо со поддршка за Тиквеш! (ФОТО)
СледноЛапорта: Многумина сакаат да ја уништат Барса, но ние ќе ја браниме до последната капка крв!