Денвер не може без Јокиќ! Кари и Томпсон „убиствен“ тандем (ВИДЕО)

83

Кошаркарите на Денвер запипаа нов пораз (втор во низа), овој пат од Феникс од 100-93. И на оваа средба во составот на Нагетси не беше Никола Јокиќ, што пак доволно говори дека со српскиот центар тимот на теренот е поинаков.

Денвер и покрај ова соатана на лидерското место во Западната конференција на две победи повеќе од Мемфис, додека пак Феникс е четврти со скор од 41/35. Кај победникот Дурент имаше 30 поени, зад него беше Букер со 27 поени.

Голден стејт фати залет. Актуелниот првак на домашен терен славеше убедливо против Сан Антонио со 130-115, а во центарот на внинанието беше „убиствениот“ тандем, Стеф Кари и Клеј Томпсон. Првиот имаше 33 поени, додека вториот запиша 31. Зад нив беше Пул со 27 поени и 6 асистенции.

Резултати: Шарлот – Чикаго 91-121, Индијана – Оклахома 121-117, Филаделфија – Торонто 117-110, Вашингтон – Орландо 109-116, Бостон – Јута 122-114, Бруклин – Атланта 124-107, Кливленд – Њујорк 116-130, Хјустон – Детроит 121-115, Мемфис – ЛА Клиперс 108-94, Минесота – ЛА Лејкерс 111-123, Голден стејт – Сан Антонио 130-115, Портланд – Сакраменто 114-138, Феникс – Денвер 100-93.

ПретходноНов викенд, стари навики: Верстапен најбрз со пол-позиција во Мелбурн!
СледноГвардиола: Минатото е за дедовци, сегашноста вели нешто друго!