Костоски со дабл-дабл го предводеше ТФТ до триумф против Струмица!

89

ТФТ дојде до 14 триумф оваа сезона и остана во игра за третото место на табелата пред стартот на плеј-офот. Тимот од Тафталиџе на домашен терен го совлада составот на Струмица со во првиот меч од 20 коло во Првата лига.

Избраниците на Боро Смилковски мечот го решија во првото полувреме. Постигнаа 55 поени, наспроти гостите дадоа 31. Иако се чинеше дека по една ваква разлика, домашниот тим лесно ќе го приведе дуелот, сепак тоа не се случи. По 21-16 во третата четвртина, струмичани одиграа неверојатно добро во последните десет минути, на момент се доближија на 83-79, го притиснаа противникот. Андерсон постигна важна тројка, а ТФТ со серија од 9-3 на крајот запишаа убедлив триумф од 92-82.

Костоски со 16 поени и 14 асистенции беше лидер, Андерсон запиша 15 поени, Батрик беше стрелец на 14 поени, 8 асистенции и 6 скока. Кај гостите, Крстајиќ постигна 21 поен и 10 скока.

ПретходноСрамно: Ајакс ја понижи својата клупска икона!
СледноНеверојатно: Клубовите од Премиерлигата за една година потрошиле 320 милиони фунти на провизии за менаџерите!