Кузмановски постигна 5 гола, но го загуби дербито за опстанок во Бундеслигата

107
Jubel bei Filip Kuzmanovski (HSG Wetzlar)

Ракометарите на Вецлар никако да фатат серија во трката за опстанок во ракометната Бундеслига. Тимот на нашиот репрезентативец Филип Кузмановски денеска на домашен терен загуби со 25-27 од екипата на Минден во исклучително важен меч во битката за опстанок.

Нашиот бек мечот го заврши со 5 постигнати гола и заедно со Црногорецот Чавор кој исто така имаше 5 гола зад своето име, беа најдобри реализатори во домашниот тим.

За Вецлар ова беше 19 сезонски пораз кој сега го остава на само два бода предност пред денешниот ривал кој исто така грчевито се бори за опстанок.

ПретходноБонавентура го „реши“ Интер, Лукаку се изрезили како никогаш досега (видео)
СледноШок за Челзи: Астон Вила го покори „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)