Екипата на Македонија ЃП со триумф го отвори новото ПМФЛ коло викендов, откако предмалку на домашен терен го совлада тимот на Работнички до конечни 2:1.
Во сосема солиден од фудбалски аспект натпревар, двата тима одиграа на завидно ниво, имаа свои шанси и моменти од мечот, а домаќинот реално искористи повеќе од нив.
По одличниот старт на гостите во кој Кире Маркоски имаше зицер ситуација, Есмин Личина на спротивната страна искористи еден одличен центаршут од десно, и на петерецот добро реагираше за 1:0.
Само што тргна Работнички од центарот, Атхе Мазари со евро гол од преку дваесет метри успеа да израмни на 1:1, и со тој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел, тренерот на МЃП, Горан Симов ја прави клучната измена на дуелот. Го внесува Алексовски од клупата и токму тој го совладува од корнер ситуација неговиот брат Игор Алексовски на голот на Работнички за 2:1.
До крајот Работнички преку Никола Манојлев, а особено преку Ганду имаше две ситуации за израмнување, но не ги искористи.