Нема шега, Пелистер преку Феникс го потврди второто место!

141

Во последниот натпревар од саботната програма на 20 коло, кошаркарите на Пелистер стигнаа до убедлив триумф против Феникс 2010, кој на две кола пред крајот на регуларниот дел им ја носи втората стартна позиција пред почетокот на плеј-офот.

Маслинко и Карутерс беа вистинска енигма за одбраната на Феникс 2010 во првото полувреме. На истекот на првата четвртина, Пелистер веќе имаше пвеќе од солидно водство (25:12), кое го задржа и до одморот (42:31).

По одморот, гостите до Скопје се доближија на (40:46), но ништо повеќе од тоа, затоа што тргна серијата од осум по ред поени на Пелистер, за највисоко водство. Згора на тоа гостите останаа и без Трајковски, кој доби две технички грешки и мораше предвреме да го заврши натпреварот.

Маслинко постигна 28 поени, зад него беше Сапунџиев со 17. На другата страна Митревски имаше 23 поени.

ПретходноНе е априлска шега, туку револуција на младите момци на Лазаров против најдобриот (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМојс Кин за победа на Јуве и надеж за место во ЛШ (ВИДЕО)