Неочекувана посета на тренингот на кавадарчани: Чичко Дончо со поддршка за Тиквеш! (ФОТО)

680

Денеска претпладне фудбалерите на Тиквеш, на тренингот пред утрешното дерби во Штип со Брегалница, имаа неочекувана посета и тоа од Андон Дончевски, првиот селектор на репрезентацијата на Македонија во својата самостојност.

Чичко Дончо во нему својствен стил им посака и среќа во понатамошниот дел од сезона на сите во Тиквеш, посебно им ја даде поддршката пред утрешниот дуел во Штип.

Треба да се каже дека Чичко Дончо е роден токму во Кавадарци, во далечната 1935 година.

Тиквеш го пречека како што доликува и му подари дрес од клубот. На крај да кажеме дека Дончевски во дел од својата тренерска кариера, беше и тренер на Тиквеш.

May be an image of 5 people, people standing and outdoors

May be an image of 2 people and people standing

May be an image of 11 people, people standing and outdoors

May be an image of 7 people, people standing and grass

ПретходноПеро Антиќ се фати за лопатата! (ФОТО)
СледноДарко Додев: Брегалница и против Тиквеш оди на победа!