Системот кој Кирил Лазаров полека го гради во Македонија, во Алкалоид веќе од меч во меч ги дава посакуваните плодови. Поранешниот македонски репрезентативец по завршување на кариерата се врати во родната земја – одлучи да го пренесе системот од Европа.
Неговата идеја беше прифатена, се формира Алкалоид, трн на многумина, но единствен спас за македонскиот ракомет. Зошто? Бидејќи само овој тим работи со млади надежи и тоа во неверојатни добри услови. Наградата дојде, вечерва момците на Лазаров го урнаа големиот Вардар совладувајќи го со 22-21, на момент дебитантот имаше и седум гола разлика.
Многумина мислеа дека е априлска шега, не само што не е, туку е вистинска револуција на ракометарите на Алкалоид против најдобриот – Вардар.
На крајот славјето беше проследено со солзи радосници и тоа кај најдобриот – Благојче Трајкоски, имаше 15 одбрани и заедно со Серафимов беа лидери на теренот.