Перо Антиќ, еден од нашите најдобри кошаркари во историјата и актуелен претседатетелот на КФСМ, често го гледаме во разни ситауции, но ретко, па и никогаш со лопата во раце. Ете, дојде и тој ден, 1 април 2023 година. Дали е ова некоја првоаприлска шега или не, тоа го знае самиот, но исто така самиот си се “издаде“ околу тоа дека и тоа како знаел да работи и физички работи.
Перо пред некој ден доби втор мандат на чело на Федерацијата, и ете го, веднаш се фати за лопатата.
Перо на својот Инстаграм профил ја постираше оваа фотографија и малку на шега истакна дека физичката работа, како оваа со лопатата, има еднакво добри придобивки во одржување на формата.