Со оглед на тоа дека вчера временските услови не дозволија официјално натшреварување, утрината на Планица, на “Великанката“ се одржа само една серија во првото индивидауално натпреварување во ски – летови, второто ќе се одржи утре, а од 10 часот започна и тимското натпреварување на најпознатата скокалница во Словенија.
Утринава Штефан Крафт од Австрија, имаше лет од 239,5 метри со што освои 240.5 поени, доволно за прво место.
Втор беше Анже Ланишек од Словенија со лет од 236 метри, а трет Пјотр Жила од Полска со лет од 234 метри.
The longest and the winning jump from Stefan Kraft 🏆#fisskijumping #skijumpingfamily pic.twitter.com/2qqOnz6tWL
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) April 1, 2023