ПМФЛ: Скопско дерби, Ѓорче и Дебар Маало во “клинч“!

141

По двонеделната пауза поради настапите на нашите репрезентации, викендов продолжуваат натпреварите во тековната сезона во ПМФЛ. Новото 25.коло денеска од 15 часот во Ѓорче, го „отвараат“ Македонија ЃП и Работнички. Скопско дерби, дерби меѓу двете скопски населби Ѓорче и Дебар Маало. И двете екипи оваа сезона се далеку од посакувањата на нивните фанови, посебно тука мислиме на Работнички кој е во неверојатна серија од три порази по ред, или четири на последните пет меча. И “лавовите“ не играат којзнае како добро, токму и затоа дојде до смена на тренерската клупа пред три недели.

И двете скопски екипи преку првенството одамна ги загубија сите шанси за излез во Европа, исто така не се премногу оптоварени ниту со опстанокот, па затоа се очекува една квалитетна фудбалска претстава без некој посебен притисок. И Македонија ЃП и Работнички ќе одат на победа, тука нема дилеми, нема да има калкулации, а по првпат во своите кариери како тренери на две екипи ќе се судрат двајцата добри пријатели Горан Симов и Милан Илиевски.

Кога сме кај традицијата, да кажеме дека досега овие две екипи одиграле 25 натпревари, Македонија ЃП има 8 победи а Работнички 12, додека пет средби завршиле без победник.

Останатите натпревари од ова 25.коло се играат утре.

ПретходноГвардиола: Минатото е за дедовци, сегашноста вели нешто друго!
СледноИвица Зубац се најде на погрешно место (ВИДЕО)