Прва лига: Дерби во Кале, Гостивар и Битола!

80

Познати се осумте екипи кои ќе играат во доигрувањето за шампионската титула, како и оние четири кои ќе се натпреваруваат во Плеј-аут лигата кој носи опстанок во друштвото на најдобрите.

А натпреварот кој може да тргне многу дилеми во таа насока, однос на патот кон опстанокот, дефинитивно е оној во кој ќе се сретнат екипите на Навико Академија ФМП и Куманово 2009.

По 19 одиграни натпревари двете екипи се на ефект (4-15), па извесно е дека победникот на овој дуел кој ќе се одигра како полседен во ова коло, на 4 април (вторник) со почетокот од 18. часот во салата „Независна Македонија“ во Скопје, ќе биде особено важен пред почетокот на онаа мини-лига во која што покрај овие две екипи влегуваат и Чаир 2030 и Струмица 2022.

Овие две екипи пак ги очекуваат гостувања во СРЦ „Кале“. Утре претпладне, од 13.часот, ТФТ е домаќин на екипата од Струмица, а четири часа подоцна, од 17.часот, на истото место, ќе се сретнат екипите на Работнички и Чаир 2030.

ТФТ (13-6) има добра позиција на табелата. На три кола пред крајот на регуларниот дел, „црно-белите“ се на делба на третото место (заедно со екипата на Гостивар), што им носи предност на домашен терен во четвртфиналната серија од плеј-офот.

Гостиварци треба да ја бранат таа позиција против една доста квалитетна екипа каква што несомнено има Еуро Никел 2005. Дуелот во салата „Младост“ во Гостивар стартува во сабота навечер, од 19.30 часот.

Еден час подоцна, нè очекува уште еден интересен натпревар. Од 20.30 часот во Битола играат Пелистер (15-4) и Феникс 2010 (11-8).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 20. КОЛО

1.АПРИЛ (САБОТА):

13.00: ТФТ Mozzart – Струмица 2022

Сала во СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/l126FJvPTkI?feature=share

17.00: Работнички – Чаир 2030

Сала во СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/VqJR6kMUM7o?feature=share

19.30: Гостивар – Еуро Никел 2005

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5rC0qUZvw-g?feature=share

20.30: Пелистер – Феникс 2010

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/iXbdGnHN5no?feature=share

3.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.30: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Rpx4SHY96Rk?feature=share

4.АПРИЛ (ВТОРНИК)

18.00: Навико Академија ФМП – Куманово 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zPEshf08DZU?feature=share

ПретходноИвица Зубац се најде на погрешно место (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Вардар во атак на нови бодови и задржување на врвот, дербито е во Струмица