Работнички фати залет, без мака го реши Чаир!

102

Работнички фо запиша четвртиот триумф во низа, вкупно 12 оваа сезона, откако на домашен терен без мака го совлада Чаир со 83-67. Најтрофејниот кошаркарски колектив сега е на четвртата позиција, но истата не е загарантирана бидејќи Гостивар допрва ќе го игра својот дуел од 20 коло.

Кошаркарите на Работнички  некаде од средината на првата четвртина го урнаа отпорот на противникот, негативата од 11-14 со серија од 18-1 ја претворија во двоцифрена позитива од 29-15 на стартот на втората четвртина.

Чаир на момент се врати, а потоа доминираше само едно име на теренот. Работнички пред одморот поведе и со плус 17 (46-29). Гостите по одморот еднаш успеаја да спуштат под десет (60-51), но немаа сили за нешто повеќе.

Џелетовиќ имаше 23 поени и 8 скока, Малешевиќ беше реализатор на 16, на другата страна Роби имаше 17 поени.

ПретходноКлоп: Имавме среќа што играчите на Сити не беа алчни за уште голови
СледноПавле Атанасијевиќ го има третиот најдобар гол во СЕХА-лига (ВИДЕО)