Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов веќе извесен период се опоравува од повредата, а потоа и операцијата на коленото.
Неговиот тим Пиаст Гливице со нетрпение го очекува нашиот интернационалец да направи кам бек, а како поддршка за него направија заедничка фотографија со дресот на нашиот Тихо.
Костадинов во моментов се наоѓа во Шпанија и ја финишира рехабилитацијата.