Кошаркарите на Партизан на домашен терен го победија Реал Мадрид со 104:90 и со тоа речиси сигурно обезбедија пласман во плеј-офот. Сепак, уште еднаш сцените од Белград го оставија целиот свет во неверување бидејќи Арената беше целосно преполна и беше поставен нов рекорд на посетеност во Евролига.Вчерашниот натпревар го следеа 20.068 гледачи што е нов апсолутен рекорд.
Full house! ⚫️⚪️#partizan #kkpartizan #bcpartizan #euroleague #everygamematters #grobari #grobarijug #realmadrid pic.twitter.com/dOJlk8W4bK
— Partizan.net (@PartizanNet) March 31, 2023
Претходниот беше поставен пред само три дена. Тогаш натпреварот против уште еден шпански гигант Барселона го следеа 20.041 навивачи.
Навивачите на белградскиот гигант дефинитивно ги поместуваат сите граници кога е во прашање кошарката. Тие создаваат навистина неверојатна атмосфера и дефинитивно не се ни помалку ни повеќе кога е во прашање навивањето за кошаркарски клуб.
Partizan basketball experience pic.twitter.com/exYqHnEXN5
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) March 31, 2023
Arena pred početak utakmice između Partizan Mozzart Beta i Real Madrida 👀🔥 pic.twitter.com/047ze1OCWQ
— Mozzart Bet (@MozzartBet) March 31, 2023
Сепак, вечерва ’Гробарот’ решија да испратат порака од Арената до челниците на фудбалската екипа. Јасно им порачаа – Управата надвор!