И Ненад Димитријевиќ со убедлива победа го започна плеј-офот во ВТБ-лигата. Уникс Казан на македонскиот репрезентативец на првата средба го совлада Перм со 101-76.
Нено и неговите соиграчи доминираа во текот на сите 40. минути. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на 12 поени, за 24. минути на теренот додаде уште седум асистенции и две загубени топки.
За постетување. вчера ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ славеше убедлив триумф над Саратов.