Иако постигна гол од пенал, сепак, Енис Барди не успеа заедно со своите соиграчи да се спаси од пораз на домашен терен во дуелот со Кајзери.
Нашиот репрезентативец беше дел од голеадата 3:4 во која што домаќините премногу грешеа за да можат да се надеваат на позитивен резултат.
Кајзери поведе на почетокот, и кога и да Трабзон израмнуваше, гостите повторно успеваа да најдат начин да поведат пак. Барди израмни во 54. минута, но Карлос Мане во 63. минута ги постави конечните 3:4.