Борко сакаше да го збуни, Серафимов „мртов ладен“ му ја смести топката во мрежа (ВИДЕО)

6817

Има уште долго време да се коментира мечот меѓу Алкалоид и Вардар 1961. Момците на Кирил Лазаров, голем дел актуелни млади репрезентативци му го нанесоа првиот пораз на актуелниот првак. На домашен терен го совладаа со 22-21. Победничкиот гол за дебитантот го постигна Мартин Серафимов и тоа од седум метри.

Томовски излезе од терен, влезе Борко Ристовски да брани. Искусниот чувар на мрежа пред да застане на голот прво отиде кај Серафимов, му дофрли нешто, но младиот ракометар само се сврте, а потоа „мртов ладен“ ја смести топката мрежа.

Секако еден од главните за оваа голема победа е Трајковски, имаше одлична партија од 15 одбрани.

ПретходноКаква сензација: Голема победа на Алкалоид – го урна Вардар!
СледноЧеститки од Битола за Трајкоски, Алкалоид ја врати надежта во Пелистер!