Прво падна, па му се запали моторот но стигна до пол позицијата на ГП на Аргентина

170

Шпанскиот возач на Дукати, Алекс Маркез ќе стартува прв на втората трка од Мото ГП шампионатот која ќе се вози утре за Големата награда на Аргентина. Шпанецот имаше време од 1:43.881 што беше подобро од второпласираниот Марко Безеки од Италија (1:44.053) и Франческо Бањаја, победникот на првата трка сезонава кој заврши трет со време 1:44.739.
Од четвртото место ќе стартува Франко Морбидели, а од петтата Марк Вињалес.
Инаку Алекс Маркез прв пат е на пол позицијата во Мото ГП во кариерата, а денеска стартуваше со многу проблеми со својот мотор. Излета во првата квалификациска трка, потоа му се запали моторот па возеше со друг. Потоа одлучи да ризикува, ги смени гумите и отиде на се или ништо, па успеа да извози подобро од другите и да избори пол-позиција.

ПретходноУникс Казан и Димитријевиќ убедливи на стартот на плеј-офот!
СледноБонавентура го „реши“ Интер, Лукаку се изрезили како никогаш досега (видео)