Неверојатни сцени на „Доџер стадионот“ во Лос Анџелес на бејзбол мечот помеѓу Лос Анџелес Доџерс и Аризона. Еден од фановите посака да ја запроси својата девојка на мечот, но без претходна најава.
Младиот човек истрча на теренот, клекна и го извади свршеничкиот прстен на девојката која гледаше од трибините. Само што погледна кон неа и сакаше да ја види нејзината реакција, следеше шок. Обезбедувањето истрча до него и буквално го нокаутираше.
Proposal gone wrong at Dodger Stadium 💀 pic.twitter.com/qankLwE5sW
— maze (@Mazeaveli) March 31, 2023