Седумкратниот светски шампион во Формула 1, пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон, призна дека се договорил да направи лет во вселената по средбата со претприемачот Елон Маск.
„Не е лесно да се разговара со овој тип на луѓе бидејќи тој е на различно ниво на размислување и поинаку гледа на работите. Но, во некоја фаза ќе одам во вселената со SpaceX. Ќе ги прескокнам другите луѓе во редот, бидејќи понекогаш ракетите експлодираат на пат нагоре! Илон и јас разговаравме за одење на Марс и навистина сум подготвен да одам во вселената во која било фаза од развојот на компанијата. Му кажав на Маск дека сам ќе управувам со бродот, но мислам дека таму се е автоматизирано и мојата интервенција нема да биде потребна“, изјавил Британецот.