Честитки од Битола за Трајкоски, Алкалоид ја врати надежта во Пелистер!

738

Битката за титулата во плеј-офот од вечерва станува доста интересна, а за тоа се погрижија младите момци на Алкалоид. Дебитантот го совлада Вардар 1961 на домашен терен со 22-21 и му го нанесе првиот пораз оваа сезона.

По убедливата партија против директниот конкурент се чинеше дека „црвено-црните“ лесно ќе го одбранат тронот, но до вечерва, кога Алкалоид ги смени работите.

На голот на дебитантот неверојатно добар беше Благојче Трајкоски, запиша 15 интервенции, беше вистински ветер во грбот на своите млади соиграчи. На крајот искусниот голман доби честитки од Битола, а Алкалоид ја врати надежта во редовите на Пелистер и кај навивачите за титулата. Трајкоски беше четири години во Битола, прво во Пелистер 1, па во Пелистер 2.

Допрва ќе биде интересно!

ПретходноБорко сакаше да го збуни, Серафимов „мртов ладен“ му ја смести топката во мрежа (ВИДЕО)
СледноПиоли пред Наполи: И лани никој не веруваше во нас, а ние станавме шампиони