Шок за Челзи: Астон Вила го покори „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

104

Астон Вила го шокираше Челзи на „Стемфорд Бриџ“ победувајќи го со 2:0 во еден исклучително важен меч за „сините“.

Иако Челзи беше огромен фаворит на овој натпревар, гостите одиграа одличен натпревар и на крајот ги однесоа трите бода од ова гостување. Гостите поведоа во 18. минута. Воткинс брилијантно го лобуваше Кепа и ги шокираше домашните навивачите.

Првата вистинска можност во вториот дел го донесе у вториот гол на натпреварот. Мекгин во 56. минута постигна маестрален гол за 2:0 со што ги закопа надежите на момците на Грем Потер.

Астон Вила сега е на 9. место со 41 освоен бод, додека Челзи падна на 11. место и има 38 бодови.

ПретходноКузмановски постигна 5 гола, но го загуби дербито за опстанок во Бундеслигата
Следно„Дер Класикер“: Блескаво деби на Тухел, Баерн си поигра со „милионерите“ (ВИДЕО)