Атлетико го совлада Бетис и се зацврсти на третото место

114

Атлетико Мадрид славеше над Бетис со 1:0 на својот „Метрополитано“ во 27 коло на шпанската Ла Лига. Единствениот гол го постигна Анхел Кореа во 86 минута и со овие три бода „јорганџиите“ се зацврстија на третото место на табелата кое води во ЛШ (54 бода).

Инаку ова е четвртата победа по ред на Атлетико, а севкупно 16-та во првенството . Сепак, овој пораз не му ги намали шансите на Бетис за излез во елитното клупско натпреварување затоа што „зелено-белите“ кои имаат одлична сезона имаат 45 бода или три помалку од четвртиот Сосиедад кој ова коло загуби од Виљареал.

И четвртиот обезбедува место во ЛШ, а покрај Бетис за тоа место сега конкурира и Виљареал.

 

ПретходноЅвездениот ПСЖ загуби дома и од Лион
СледноЕве колку Челзи ќе треба да му плати на Потер за отказот!