Во меч од 28.коло, денеска на свој терен, екипата на Болоња со 3:0 успеа убедливо да го совлада Удинезе.
Болоња поведе со супер – голот на Пош уште во 3.минута и тоа со шут од триесетина метри, а потоа во 12.минута Моро погоди за 2:0. Само што започна второто полувреме, Моро асистираше а Бароу реализираше за 3:0.
Да кажеме дека за тимот од Удине, цело второ полувреме играше и нашиот репрезентативец Илија Несторовски, кој влезе во 46.минута.
Нестор се трудеше, но сепак не успеа да му помогне на својот тим да го избегне овој убедлив пораз.