Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски го постигна одлучувачкиот гол за новата победа на Ваљадолид во АСОБАЛ лигата. На дуелот со Бенидорм, Ваљадолид славеше со 31:30 со што ја продолжи одличната серија.
Во осставот на Ваљадолид играат двајца Македонци, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, кои постигнаа по два гола во новата победа.
Одлучувачкиот на десетина секунди до крајот, Димитриоски го постигна од тешка позиција.