Рускиот тенисер Данил Медведев го совлада Јаник Синер во финалето на Мастерсот во Мајами и со тоа стигна до 19-тата титула во кариерата, а прва на овој турнир и четврта сезонава. Медведев славеше со 2-0 во сетови (7:5 и 6:3) и воедно ја зголеми серијата на победи на 6-0 во дуелите со Синер.
Во женското финале во Мајами победи Петра Квитова која со 2-0 во сетови ја совлада Елена Рибакина.