Милан го спушти на земја залетаниот Наполи

306

Екипата на Наполи го запиша вториот пораз сезонава на домашен терен откако вечерва загуби во дуелот со Милан во Серија А. Резултатот е 4:0 во корист на „Росонерите“, нешто што ни самите не очекуваа на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Ова е првиот од серијата од три натпревари, затоа што двата ривали ќе одиграат уште два меча во четвртфиналето на ЛШ.

Вечерва Наполи доби шлаканица за освестување. Изгледа прерано се радуваат на титулата поради огромната бодовна разлика на табелата, меѓутоа вечерва не личеа на себе. И без Осимен, тимот од југот на Италија мораше да покаже подобар фудбал и реализација.
Милан поведе со 0:2 во период од 17 до 25 минута. Прво погоди Рафаел Леао кој убаво го лобуваше Мерет после едно прекрасно додавање во шеснаесетникот на противникот. По него погоди и Брахим Диаз.

Во 59 минута повторно Рафаел Леао стрелец и наговестување на важна победа на Милан. Во 67 минута и нововлезениот Салесмакерс зголеми на 4:0.
Потоа Спалети направи тројна измена, а во игра влезе и Елиф Елмас.

Сепак, ништо не се случи во однос на промена на резултатот. Наполи го доживеа севкупно третиот пораз сезонава во Серија А, а Милан ја запиша 15. победа која го искачи на третото место со 51 бод, поен повеќе од Интер и Рома.

ПретходноХет-трикот за седум минути на Бензема не е најбрзиот за Реал во Ла Лига
СледноЅвездениот ПСЖ загуби дома и од Лион