Денеска од 15 часот се играат четири натпревари од 25.коло во ПМФЛ,кое беше отворено вчера со мечот меѓу Македонија ЃП и Работнички (2:1), инаку Силекс е слободен.
Најинтересно ќе биде во Штип каде се игра “Дербито на Истокот“ меѓу Брегалница и Тиквеш. Спектакл е кога играат овие две екипи,посебно во Штип, и посебно сега кога „сините“ под водство на Горан Здравков играат фантастично. Брегалница е во налет, Брегалница посакува продолжување на супер – серијата оваа пролет.
Шкупи со нов тренер ги дочекува “пиратите“. По отказот кој го доби Гоце Седлоски,денеска на Чаир тимот ќе го води Џихан Арслан. Тоа за стратегот од Турција ќе го има своето деби против тимот на Мирсад Јонуз.
Во Тетово домашната Шкендија ја дочекува Победа и се освен убедлив триумф на “црвено – црните“ ќе биде рамно на сензација. Во Струга лидерот ќе има тежок предизвик, гостува одличната А. Пандев.
ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
СТРУГА ТЛ – А.ПАНДЕВ
ШКУПИ – СКОПЈЕ
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2:1
СИЛЕКС (СЛОБОДЕН)
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 46, Шкупи 42, Шкендија 41, Силекс 38, Брегалница 32, Македонија ЃП 32, Тиквеш 28, Работнички 24, А.Пандев 20, Скопје 14, Победа 13…бодови