Страшни сцени: Навивач почина среде меч во Бундес-лига!

225

Навивач почина на натпреварот помеѓу Шалке и Баер Леверкузен, кој се одигра вчера. Победата на гостинската екипа од 3:0 беше целосно заборавена, бидејќи на крајот од натпреварот се одвиваше вистинска животна драма. На еден навивач му се слошило на трибините, а лекарските екипи на Шалке и Баер веднаш истрчаа да му помогнат што е можно побрзо и да спречат смрт.

За жал, не успеаја. Докторите брзо пристигнале кај несреќниот човек кој доживеал срцев удар среде натпревар, но немало начин да го спасат и морале да ја прогласат за мртва и да го изнесат неговото тело од стадионот.

„Фудбалот е на втор план. На еден навивач му се слоши на јужната трибина. За жал, сите обиди да го оживеат беа неуспешни“, се вели во соопштението на Шалке, додека не е јасно прецизирано дали срцев удар е причина за смртта или нешто друго. во спротивно, тоа ќе се утврди подоцна.

ПретходноМалески: Струга ТЛ ќе го даде максимумот и очекувам победа против квалитетните “пандевци“!
СледноЗаврши регуларниот дел: Комплетирани полуфиналните дуели за плеј-офот