Ете и тоа се случи. Шкупи во првенствен меч го доживеа првиот пораз на “новиот“ Чаир, и тоа од Скопје. И тоа денеска, во меч од 25.коло.
Мирсад Јонуз, еден од нашите најдобри стратези, екс – селектор, еден од оние кои навистина го разбираат фудбалот, го водеше својот тим до голема, голема победа. Триумф со 0:1 среде Чаир.
Секако дека сите во таборот на “пиратите“ беа пресреќни по оваа победа.
“Да, да, апсолутно. Да се победи еден таков тим како Шкупи навистина е голем успех, голем успех. Мислам дека тактички одигравме да не кажам совршено, успеавме да постигнеме гол, потоа се браневме, секако дека имавме и среќа, но на крајот заслужено победивме. Ова е само почеток, ова на моите млади играчи ќе им дојде и тоа како добро за подигање на самодовербата, јас искрено од срце им честитам“ изјави за “Спортмедиа“ Мирсад Јонуз.