Јошко го „запали“ Солун: ПАОК е сензационален освојувач на Купот на Грција!

1741

Најтрофејниот македонски одбојкарски стретег Јошко Миленкоски испиша уште нова страница од историјата на грчкиот одбојкарски клуб ПАОК. Во најнеизвесниот Ф4 турнир на грчкиот одбојкарски куп во последната деценија, синоќа нашиот стратег го предводеше солунскиот состав до сензационално освојување на куп-трофејот откако во големото финале го совлада тимот на Олимпијакос со 3:1 и на огромно изненадување го однесе пехарот во Солун.

На завршниот турнир во Каламата, одбојкарите на ПАОК во полуфиналето беа подобри од Панатинаикос со 3:1 и закажаа финале против објективно најквалитетниот тим во грчката лига оваа сезона Олимпијакос. По голема борба тимот на Миленкоски на крајот славеше во четири сета и го крена пехарот наменет за најдобриот.

За ПАОК и Миленкоски ова беше прва голема цел, а веќе за три дена го играат третиот меч од полуфиналето на плеј-офот со Панатинаикос, кој ако го добијат одат во финале на плеј-офот за шампионската титула каде повторно ги чекаат пресметки со Олимпијакос.

ПретходноБолоња го растури Удинезе, Нестор одигра цело второ полувреме! (ВИДЕО)
СледноНаполи vs. Милан: Елмас и другарите по круната на шампионот