Дамите го комплетираа плеј-офот: Работнички стартува прв, Јанта В. со предност пред Наковски В.

119

Одбојкарките на вицешампионот Јанта Волеј финишира ана второто место по втората фаза од домашниот одбојкарски шампионат и добија предност од еден меч на домашен терен во полуфиналната рунда против големите конкурентки, Наковски Волеј.

Вчера во последното 6. коло од втората фаза, лидерот и шампион Работнички славеше убедливо со 3:0 против Наковски волеј и со тоа им овозможи на градските конкурентки Јанта Волеј со победата над Фит Фан Волеј од 3:1 да го потврдат второто место со што добија старт на домашен терен во полуфиналето на плеј-офот против екипата на Наковски Волеј.

Во рамките на плеј-аут групата, Вардар ЕМ славеше над Македонија Макс и го потврди местото во баражот за опстанок во елитата. „Црвено-црните“ ќе се борат со Пелистер Волеј за место во прволигашкото друштво следната сезона. Екипата на Македонија Макс се сели во втората лига, од каде како нов прволигаш кај дамите директно доаѓа екипата на Младост.

Прва лига (жени), Втора фаза-1, (6.коло)

Работнички Скопје – Наковски волеј        3:0 (25:20, 25:17, 25:20)

Фит фан волеј – Јанта волеј    1:3 (20:25, 10:25, 25:20, 13:25)

Табела: Работнички Скопје 17-3, Јанта волеј 15-5, Наковски волеј 15-5, Фит фан волеј 7-13.

Прва лига (жени), Втора фаза-2, (6.коло)

Македонија Макс – Вардар ЕМ   0:3 (13:25, 23:25, 20:25)

Вардар жени – Струмица жени 0:3 (18:25, 16:25, 20:25)

Табела: Вардар жени 10-10, Струмица жени 9-11, Вардар ЕМ 7-13, Македонија Макс 0-20.

ПретходноЗајц славеше на Планица, Крафт нов шампион во ски-летови
СледноДимитриоски погоди за победа на Ваљадолид (ВИДЕО)