Заврши регуларниот дел: Комплетирани полуфиналните дуели за плеј-офот

95

Вчера и официјално беше затворена втората фаз аод домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција. Со оглед на резултатите во досегашниот дел од сезоната, практично немаше никаква неизвесност околу распределбата на местата за пласман во полуфиналните дуели.

Шампионот Струмица Никоб лесно го доби дуелот со Весна Пробиштип и го заврши тековниот дел од сезоната со импресивен скор од 19 победи и само еден пораз. Екипата на Шкендија го потврди второто место на табелата по новиот триумф над Лирија, а Борец потврди дека ќе влезе со големи очекувања во разигрувањето по уште една максимална победа овој пат над екипата на Работнички 71&22 во Скопје.

По завршувањето на тековното коло веќе е јасно дека во полуфиналето од разигрувањето на титулата кое се игра до две победи, шампионот Струмица стартува дома против Работнички 71&22, додека Шкендија ја има предноста на домашен терен на второто полуфинале со ГОК Борец. Полуфиналните возбудувања почнуваат веќе во среда.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (10.коло)

Работнички 71&22 – ГОК Борец 0:3 (22:25, 20:25, 20:25)

Шкендија – Лирија   3:0 (25:21, 25:23, 25:20)

Струмица Никоб – Весна Пробиштип 3:0 (25:15, 25:13, 25:18)

Табела: Струмица Никоб 19-1, Шкендија 17-3, ГОК Борец 15-5, Работнички 10-10, Лирија 8-12, Весна Пробиштип 6-14.

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (10.коло)

Штип УГД – Македонија Џио  3:0 (25:12, 25:14, 25:14)

Универзитет во Тетово – Сушево   3:0 (25:14, 25:19, 25:12)

***Слободна е екипата на Петровец

Табела: Универзитет во Тетово 11-7, Штип УГД 10-8, Сушево 5-13, Македонија Џио 2-16, Петровец 2-16.

ПретходноСтрашни сцени: Навивач почина среде меч во Бундес-лига!
СледноСе вратија насмевките во Битола: Пелистер по целиот плен во Кавадарци!