Квитова го освои Мајами!

109

Чешката тенисерка Петра Квитова ја освои титулата на турнирот во Мајами, откако во финалето во два сета ја совлада Елена Рибакина од Казахстан со 7:6, 6:2.

Квитова, 12. рангирана тенисерка во светот, по еден час и 42. минути стигна до победа над седмата тенисерка на ВТА листата.

Во првиот сет беше забележан по еден брејк на двете страни, па победникот беше решен во тај-брејк, во кој по голема борба победи Квитова со 16:14.

Во вториот гем од вториот сет Квитова го одзеде сервисот на противничката, а во осмиот гем ја искористи првата меч поен на сервис на Рибакина и стигна до титулата.

Квитова ја освои првата титула сезонава, а вкупно 30-та во кариерата.

ПретходноЏошуа го победи Френклин во луда борба од 12 рунди (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Ќе врие во Штип, Брегалница го дочекува Тиквеш, Арслан дебитира на клупата на Шкупи и тоа против “пиратите“…