Малески: Струга ТЛ ќе го даде максимумот и очекувам победа против квалитетните “пандевци“!

95

Струга ТЛ во пресрет на попладневните мечеви од 25.коло има 4 бода предност пред Шкупи и 5 пред Шкендија. Лидерот денеска го дочекува одличниот состав на А.Пандев, јасно е дека ќе биде тешко, посебно ако се знае дека поради картони одбраната ќе биде без Радиќ и Пере, но сепак Струга ТЛ има квалитет да ги освои овие три бода.

За “Спортмедиа“ за дуелот со “пандевци“ свој коментар има феноменалниот напаѓач на лидерот, Христијан Малески:

„Без сомневање тежок меч за нас, веројатно еден од најважните оваа сезона. Ни доаѓа на гости одличен тим, сиот респект за А. Пандев, екипа која ни од далеку не онаа екипа од есенскиот дел. Сепак, сепак ние сме лидери, нам бодовите во битката за титулата ни се потребни, играме пред своите фанови и секако дека очекуваме победа. Треба да се даде максимумот, да се испочитуваат до крај упатствата на стручниот штаб. Се надевам на нов гол од моја страна, но тоа е помалку важно, многу поважно е мојата екипа, Струга ТЛ, да победи“ заврши Малески.

ПретходноВидео од тренинг кое покажува какви се плановите на Меси за ПСЖ (ВИДЕО)
СледноСтрашни сцени: Навивач почина среде меч во Бундес-лига!