МОТО ГП: Фантастичен настап на Бецеки, „кошмар“ за Бањаја

72

Возачот на ВР46 Рејсинг, Италијанецот Марко Бецеки е победник на трката за ГН на Аргентина во кралската класа во Мото ГП шампионатот. Младиот Бецеки стигна до првиот триумф во кариерата и после оваа трка е лидер во шампионатот.

Одлично возеше младиот Италијанец на влажната патека во Аргентина, а зад себе ги остави возачот на Прамак Жоан Зарко и возачот на Гресини Алекс Маркез, кој стартуваше од пол позицијата на денешната трка.

Најголем трагичар е актуелниот шампиона Франческо Бањаја на Дукати кој направи грешка и падна во завршницата на трката со што го испушти второто место и водството во генералниот пласман.

Идната трка во Мото ГП е ГН на Америка која ќе се одржи на 16 април.

ПретходноРома убедливо ја порази Сампдорија, навивачите го навредуваа Станковиќ
СледноПелистер едвај до целиот плен во Кавадарци!