Нереална драма: Тотален хаос во последниот круг, уништени автомобили и страшен циркус!

383

Макс Верстапен ја продолжи својата доминација во Формула 1 бидејќи денеска успеа да победи на Големата награда на Австралија, но трката во Мелбурн ја одбележа неверојатната драма, хаос и циркус што ги видовме во последниот круг.

Верстапен вози во навистина неверојатна форма, која ја демонстрираше и денеска во Мелбурн, иако имаше прилично лош старт на трката, но другите случувања на патеката му помогнаа на актуелниот светски шампион да ја врати првата позиција и уште една победа.

Одличен старт денеска имаше Џорџ Расел, кој во првиот свиок успеа да го престигне Верстапен, а набргу потоа истото го направи и Луис Хамилтон, а Мерцедес ги имаше првите две позиции на трката.

Но, славјето на германскиот тим не траеше долго. Набргу по стартот, голема грешка направи Алекс Албон, кој излета од патеката, па беше покажано црвено знаменце, што најмногу му помогна на Верстапен.

Најголеми губитници беа Расел и Саинц кои менуваа гуми еден круг претходно. По новиот старт, Верстапен успеа брзо да го престигне Хамилтон и да ја преземе лидерската позиција која ја задржа до крајот на трката.

Изгледаше дека Макс рутински ќе ја заврши трката, но сето тоа се промени на пет круга до крајот. Магнусен направи грешка и удири во ѕидот поради што трката повторно е прекината поради делови од болидот на Хас на патеката.

Тоа ја врати вистинската драма во трката и уште еднаш го гледавме стартот од местото кое донесе тотален хаос на патеката.

Верстапен и Хамилтон имаа одличен старт и ги задржаа своите позиции, но на патеката во првите неколку свиоци видовме уништени болиди на сите страни и тотален хаос, поради што повторно се покажа црвеното знаме.

Најголемите губитници можеа да бидат возачите на Астон Мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, кои излетаа од патеката и за малку ќе ја уништија одличната трка денес, но беа спасени од раководството на трката на крајот и се вратија на позициите што ги имаа пред тој рестарт. Голем хаос се случи и со возачите на Алпите кои се забија еден во друг.

Саинц го го загуби петото место поради инцидентот при повторениот старт за кој беше казнет со пет секунди, на крајот завршувајќи на 12. позиција.

Раководството на трката направи тотален циркус на самиот крај и со своите одлуки ја уништи трката. Но, конечниот редослед на крајот Верстапен, Хамилтон, Алонсо, Строл, Перез, Норис, Хулкенберг, Пиастри, Жу, Цунода и Ботас

По целата драма и циркус, трката ја завршија само 12 возачи, а осум од нив се откажаа.

ПретходноАлегри крајот на мечот го дочека во тунелот, објасни и зошто!
СледноПМФЛ: Под Шара ќе суди Пројковска, а Шкендија посакува да покаже сила против Победа!