Пелистер едвај до целиот плен во Кавадарци!

258

Пелистер едвај се провлече во Кавадарци. Актуелниот македонски првак славеше со минимални 21-22, доволно за да остане во чекор за освојување на титулата, надеж која му ја врати Алкалоид откако го совлада Вардар.

Хенненберг со седум гола беше лидер кај победникот, четири погодоци запиша Хосни. Во редовите на Тиквеш Симиќ беше стрелец на осум гола.

Битолчани не поминаа во Кавадарци како што очекуваа. Данило Брестовац и неговите избраници отворија со 4-2, не му дозволија на фаворитот да се прошета низ Кавадарци. Со помош на своите фанови играа рамноправно, на другата страна Пелистер во првото полувреме успеа пред крајот неколку пати да поведе со плус два 7-9, 8-10 и 9-11. Тиквеш со два гола во низа на одморот намали на 10-11.

Овој резултат беше најава за нови неизвесни 30 минути. Така и беше се играше гол за гол, се до почетокот на 50 минута кога гостите на крилата на Лесјак со серија од три гола поведоа со 18-21, па со 19-22. Тиквеш пред самиот крај успеа да намали само на 21-22.

Пред оваа средба, Охрид на домашен терен го демолираше Бутел Скопје. Скопјани беа под ниво на задачата, а за тоа говори и резултатот во првото полувреме, по кое имаа негатива од шест гола 14-8. Не се промени ништо во продолжение охриѓани играа со голема самодоверба. Цицар, Дрогришки и Цинцадзе со по пет гола беа лидери, на другата страна Мајиќ постигна пет гола.

За Охрид ова беше само втора победа и петти пораз, ист скор има и Бутел Скопје.

Во плеј-аут лигата, Куманово одигра перфектен меч против Вардар Неготино, на домашен терен го совлада со 31-22 (17-11) и остана на второто место на табелата. Јуниор К.В пак не успеа да ја искористи предноста на домашен терен, беше совладан од Струга со 25-30.

ПретходноМОТО ГП: Фантастичен настап на Бецеки, „кошмар“ за Бањаја
СледноOФИЦИЈАЛНО: Челзи му врачи отказ на Грем Потер