ПМФЛ: Под Шара ќе суди Пројковска, а Шкендија посакува да покаже сила против Победа!

171

Попладнево во Тетово се испишува историја. За првпат во ПМФЛ главен судија ќе биде припадничка на понежниот пол, и тоа Ива Пројковска, нашата најдобра судијка во моментов. Нејзе ќе и помагаат Дејан Костадинов и Гоце Потрески.

Пројковска ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Шкендија и Победа. Дуел на кој Шкендија би требало да победи и да победи убедливо ако се знае дека тетовци играат во одлична форма а Победа игра очајно и дека веројатно ќе испадне.

May be an image of 3 people, people standing and grass

Искусниот дефанзивец на Шкендија, Ардијан Цуцули во пресрет на мечот истакна:

“Максимално ја искористивме паузата, максимално сме подготвени, ако се биде како што треба тогаш нашиот триумф не биде требало да биде доведен во прашање. Од друга страна ваквите мечеви, кога однапред се добиени се најтешки за играње. Треба да сме максимално фокусирани, мораме да го дадеме најдоброто од себе. Сигурен сум дека и денеска ќе ја имаме поддршката од своите фанови како што тоа е вообичаено“ изјави Цуцули.

ПретходноНереална драма: Тотален хаос во последниот круг, уништени автомобили и страшен циркус!
СледноВидео од тренинг кое покажува какви се плановите на Меси за ПСЖ (ВИДЕО)