Попладнево се одиграа четири меча од 25.коло. И веднаш да кажеме, сензација на Чаир.
И тоа каква сензација. Скопје со голот на Абази успеа среде Чаир да го победи Шкупи со 0:1. Одлични „пирати“, супер – Скопје под водство а Мирсад Јонуз. Феноменална, фантастична победа.
Џихан Арслан имаше ужасно деби на клупата на Шкупи, тим кој во финишот можеше да дојде барем до бод, но Ѓорѓиев, Данфа н Алварез не успеаја да го совладаат фантастичниот голман на тимот од Автокоманда, Андреја Ефремов.
Дали полека Шкупи се откажува од титулата, сега има – 7 бода во однос на Струга ТЛ и падна на третата позиција.
Лидерот Струга ТЛ просто ја “здроби“ А. Пандев и тоа со 3:1. Двапати Ибраими и еднаш Мухарем за 3:0 во првиот дел. Струмичани намалија во 46.минута на 3:1, но толку беше. Нема дилеми дека лидерот ита кон титулата.
Екстра значајни три бода за Струга ТЛ.
Шкендија во историскиот меч во ПМФЛ, поради судијката Ива Пројковска, рутински дојде до триумф против Победа со 2:0. Реџепи и Шаља беа стрелците, иако според шансите оваа победа требаше да биде изразена барем со 5-6 голови разлика.
Нема што, Шкендија влезе во форма во вистински час, сега е втора на табелата со -5 бодови во однос на Струга ТЛ.
Во Дербито на Истокот, Брегалница и Тиквеш одиграа интересен меч, посебно во второто полувреме. И двете екипи имаа по неколку шанси, но сепак мрежите мируваа. Брегалница под водство на тренерот Здравков и натаму е без пораз, но ова е трето реми на домашен терен оваа пролет.
Вчера Македонија ЃП го победи Работнички со 2:1, додека во ова коло Силекс беше слободен.
РЕЗУЛТАТИ – 25.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 0:0
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 2:0
(Реџепи 29., Шаља 67./)
ШКУПИ – СКОПЈЕ 0:1
(/Абази 21.)
СТРУГА ТЛ – А.ПАНДЕВ 3:1
(Ибраими 12., 15., Мухарем 20./Ергемлидзе 46.)
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2:1
СИЛЕКС (СЛОБОДЕН)